Џет-Сет
21. September 2017 - 10:02

Ќе ги препознаете? - Ретро фотографија од Тамара и Тијана од пред 30 години!

Двете сестри Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ иако живеат далеку, едната во Скопје, а другата во Белград, го користат секој момент за да го поминат слободното време заедно. Или ако не е така, барем да се потсетат на некоја заедничка фотографија.
 
Така Тамара објави ретро фотографија на која се таа, нејзината сестра Тијана и нивната мајка во далечната 1987 година.
 
Тијана во нејзин препознатлив стил, со кратка коса и опуштено издание, додека Тамара која на фотографијата има само две години е слатко неодоливо девојче во фустанче.