Кина: Регистриран прв смртен случај од Ковид-19 по шест месеци
Кина денеска соопшти дека е регистриран нов смртен случај од коронавирусот, прв во последните шест месеци.
Маж од Пекинг (87) починал од Ковид-19, покажуваат податоците на Државната здравствена комисија.
Претходниот смртен случај од оваа болест беше регистриран на 26 мај, така што бројот на починати од коронавирусот во Кина сега е 5.227 од почетокот на пандемијата во ноември 2019 година.
Кина денеска соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 24.215 нови случаи на Ковид-19, од кои повеќето се асимптоматски.
Кина има висока стапка на вакцинација, и повеќе од 92 отсто од населението примиле најмалку една доза, но таа бројка е помала кај постарите лица, особено кај луѓето над 80 години, каде што процентот изнесува 65 отсто.
Здравствената комисија во Пекинг не даде информација за статусот на вакцинација на последниот починат.
Ново на Сител
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
