Кина и САД ќе ја обноват воената комуникација на високо ниво
Кина и САД се согласија да ја обноват комуникацијата на високо ниво меѓу нивните војски, вклучително и работни состаноци меѓу министерствата за одбрана, објавија денеска кинеските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на претседателот Си Џинпинг на неговата средба со претседателот Џо Бајден.
Си Џинпинг, исто така, рече дека двете земји се договориле да формираат работна група за соработка меѓу Кина и САД за борба против наркотици, објави кинеската државна телевизија.
„Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден се согласија да ги обноват воените комуникации на високо ниво засновани на еднаквост и почит“, јави Синхуа.
На самитот во Калифорнија, двајцата лидери, исто така, се согласија да започнат заеднички владини дискусии за употребата на вештачката интелигенција и да формираат работна група за соработка во областа на борбата против наркотиците.
Бајден и Си се согласија да работат заедно за да го запрат производството и дистрибуцијата на опиоидот фентанил, водечка причина за смртни случаи од предозирање во САД.
Претседателот Си му рече на Бајден дека Кина не се обидува да ги „престигне или замени САД“ и дека „САД не треба да се обидуваат да ја потиснат и контролираат Кина“.
„Кина нема да тргне по стариот пат на колонизација и грабеж “, рече Си.
Тој, исто така, го предупреди Вашингтон дека Пекинг не е задоволен од санкциите, како и со другите мерки против кинеските компании.
„Американските дејствија против Кина за контрола на извозот и инвестициите, како и едностраните санкции, предизвикуваат сериозна штета на легитимните интереси на Кина“, рече Си, според Синхуа.
„Потиснувањето на кинеската наука и технологија е еднакво на кочење на квалитативниот развој на Кина и лишување на кинескиот народ од правото на развој“, додаде тој.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
