Свет
30. January 2017 - 8:33

Кели: Уредбата е во согласност со законот

Американскиот секретар за национална безбедност Џон Кели изјави денеска дека примената на извршната одредба за бегалците и мигрантите, што во петокот ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, е во согласност со законот и со националните интереси. 

Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп донесе извршна уредба за имиграција со која на државјаните на седум земји - Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија нема да им се издаваат визи во наредните три месеци, додека влезот на сириските бегалци им е забранет на неодредено време. 

Трамп ја образложи уредбата со тоа дека сака да ги спречи „радикални исламски терористи“ да влезат во САД, меѓутоа со тоа предизвика бурни реакции и протести во земјата.