Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат.
- На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди. Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети, наведува ЈОРСМ.
Во периодот од 30 јули до 5 август, кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.
Јавниот обвинител со поднесеното обвинение побарал продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
МИА
Ново на Сител
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
