Фудбал
7. September 2015 - 19:41

Касиљас: Сакаме победи до крајот на квалификациите

Шпанската фудбалска репрезентација вечерва од 19ч тренира на Филип Втори каде утре во 21ч го играме квалификацискиот дуел за ЕП. Во фокусот на вниманието на прес-конференцијата пред тренингот е повратникот во тимот Икер Касиљас кој изјави дека е тука да помогне за да се обезбедат победи на преостанатите квалификациски дуели. На пресот присуствуваше и дефанзивецот на Реал Мадрид Серхио Рамос:

„„Ние сме тим што бара нови успеси. Веќе имаме остварено големи резултати. Располагаме со тим со добри играчи сме. Наш сон е да постигнуваме нови успеси на Европските и светските првенство. Секогаш е најдорбо да играш со најдорбите и да победуваш. Тоа останува нашата филозифја. Засега е најважно да се квалификуваме, а потоа ќе видиме“- изјави Рамос.