Касами денеска отстрани велосипедска патека во Тетово поставена во време на Теута Арифи

Во Тетово денеска се отстрануваа столпчиња кои означуваа велосипедска лента поставени во мандатот на претходната градоначалничка, а за што новиот градоначалник Биљал Касами тврди дека се прави по барање на полицијата и судот поради нивно незаконско поставување.
Станува збор за стоплчиња кои се поставени долж двете коловозни ленти на булеварот „Илинденска” на потегот од судот до Универзитетот на Југоисточна Европа и излезот на градот кон Гостивар.
-Денеска сме тука за да реализираме едно судско решение, се покренува постапка за противзаконско поставување на оваа патека и во врска со ова судот бара да се тргнат овие пречки и овој булевар, оваа јавна површина да се врати на првобитната ситуција. Ние постапуваме по одлуката на судот-ќе се тргнат овие пречки и улицата ќе се стави во првобитна состојба. Судот веќе имал постапка против општината и против поранешната градоначалничка кои постапки ќе одат понатаму. Ние како општина ќе покренеме согласно одлуката на судот, постапка за штетата која е направена на општината, на граѓаните и на јавниот интерес, изјави Биљал Касами.
Според градоначалникот, првично полицијата побарала отстранување на столпчињата до Судот, а од таму било тоа побарано да го направи Општина Тетово.
-Има барање од полицијата и судот е веќе во постапка за да постапи по барањето на полицијата улицата да се врати во првобитна состојба затоа што е направена спротивно на законот. Има пријава и ние одговоривме на судот дека за да не дојде до извршно решение и да немаме повисоки последици да постапиме и според првичните информации, тоа ќе биде договорено со судот за да не биде уште повеќе оштетена општината и јавниот интерес, рече Касами.
На новинарските прашања дали ќе има нова велосипедска патека со оглед дека оваа веќе нема да постои Касами рече дека сега е важно да се заврши оваа постапка за отстранување на столчињата па потоа ќе се размислува што ќе се прави понатаму.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
