Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар

Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља, кандидат на ВРЕДИ поддржан од ВМРО - ДПМНЕ.
Според изборниот штаб тој освоил над 700 гласови повеќе наспроти неговиот против кандидат Рамадан Имери, кој беше независен кандидат.
Фисник Меља (41) е магистер по ИТ, оженет е и татко е на две деца. Тој е актуелен заменик директор на Управата за јавни приходи.
- Благодарам најпрво за мирната и демократска изборна атмосфера и за поддршката што ми ја дадовте, за да му ги вратиме оптимизмот, единството и достоинството на Дебар. Од утре почнува нова епоха за општина Дебар и сите граѓани независно од која било припадност. Благословен да е Дебар и дебрани, за чие подобро утре заедно со централната власт и поддршка на нашите иселеници ќе му го вратиме достоинството на Дебар, што го заслужува, порача Меља во кусото обраќање пред голем број граѓани на прославата на победата.
Тој ги замоли присутните славењето да биде достоинствено, како што мина и кампањата и изборните денови.
Инаку, во првиот круг беа избрани 15-те членови на новиот совет на општината, од нив пет освои коалицијата ВРЕДИ, четири коалицијата НАИ, три независните кандидати, две ВМРО-ДПМНЕ и едно СДСМ.
Во соседната општина, Центар Жупа, поради необезбеден цензус во првиот круг, изборите за градоначалник ќе бидат повторени од почеток.
На 19 октомври беше избран новиот совет на оваа општина, кој брои 9 членови, во кој три обезбеди Демократската партија на Турците, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците.
Ново на Сител
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
-

Растат цените на нафтата на светските берзи
-

Се проширува акцијата за нелегален увоз на филери и ботокси, приведени повеќе лица
-

Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност
-

Три игри, три шанси за добивка - само со „Златна треска“ на Државна лотарија!
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје
-

Определен 30 дневен притвор на поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
