Канада ја засилува безбедноста на летовите

Канадската Влада соопшти дека ја засилува безбедноста на некои летови што доаѓаат од странство, пренесоа француските медиуми.
Мерката не предвидува забрана за носење на електронска опрема поголема од телефон во патничките салони, како што направија САД и Велика Британија.
Министерот за транспорт Марк Гарно одби да соопшти повеќе детали за мерката и за летовите или засегнатите земји, но рече дека таа се носи заради безбедносни ризици.
- Одлучив да применам дополнителни мерки кон некои летови што доаѓаат во Канада од некои аеродроми во странство, за да гарантираме поголема безбедност, изјави Гарно.
Тој кажа дека канадските служби за безбедност по направената анализа на разузнавачките податоци, што им биле доставени од Американците, утврдиле ризик за безбедноста на летовите.
Гарно изјави дека патниците, кои доаѓаат во Канада, во моментов ќе можат да ја носат својата електронска опрема во авионите.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
