Македонија
30. January 2020 - 11:17

Камион прегази пешак во Кичево

Вчера во 13.00 часот било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево товарно возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ц.С.(60) од Кичево, удрило во пешак Д.Д.(63) од Кичево.

Во  незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.