Камерун: Борците на Боко Харам убија 1.200 луѓе

Борците на нигерската исламистичка група Боко Харам од 2013 година досега во Камерун убиле 1.200 луѓе, соопштија денеска камерунските претставници.
Министерот за комуникации на Камерун, Иса Чирома Бакари пред новинарите изјави дека Боко Харам во тој период извеле 315 напади во пограничниот регион и 32 самоубиствени бомбашки напади.
- Вкупно 1.098 цивили, 67 војници и тројца полицајци се убиени во овие варварски напади на терористичката група Боко Харам, наведе Бакари.
Од јули минатата година, северниот дел на Камерун се најде на мета на серија напади за кои се обвинува Боко Храм, која се приклони кон Исламската држава, потсетува Танјуг.
- Нашите одбранбени и безбедносни сили им нанесоа тешка загуба на непријателите, истакна Бакари.
Камерунскиот министер за комуникации истакна дека Боко Харам е толку ослабнат што сега ги избегнува бомбашките напади кои често ги изведуваат жени или девојки.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
