Камерон: Руските напади во Сирија се „страшна грешка“

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да започне воена акција во Сирија, како поддршка на шефот на сириската држава Башар ел Асад, претставува „страшна грешка“, оцени денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.
- Тие го подржуваат крвникот Асад, што претставува страшна грешка за нив и за целиот свет. Тоа ќе го направи регионот уште понестабилен, изјави Камерон за Би-Би-Си на маргините на годишната Конференција на неговата владејачка Конзервативна партија, што се одржува во Манчестер.
Според Камерон, руските напади во Сирија претставуваат „драматична ескалација на странска вмешаност во граѓанската војна“ во земјата.
- Поголемиот дел од руските воздушни напади, колку што можев досега да видам, беа извршени во делови на Сирија што не се под контола на Исламската држава, туку на другите противници на режимот на Асад, изјави Камерон.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
