Каевски: Избори во 2024

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски денеска, одговорајќи на новинарско прашање, рече дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека изборите ќе се одржат во 2024 година.
Според Каевски, СДСМ е на страната на граѓаните и носи реформски и важни закони, додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на опструкциите и блокадите.
-Да, тоа што го кажавте дека сме дијаметрално спротивни страни, да, тоа е така. Ние сме на страната на граѓаните и носиме реформски и важни закони, а ВМРО-ДПМНЕ е буквално на страната на опструкциите, блокадите и сака преку политички ситни поени да дојде и да добие некакви политички поени. Коалицијата е стабилна, парламентарното мнозинство е стабилно и како резултат на сето тоа, наредните парламентарни избори ќе бидат во 2024 година и ќе бидат редовни, рече Каевски на прес-конференција.
Ново на Сител
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
