Кадри Весели реизбран за претседател на Демократската партија на Косово

Демократската партија на Косово (ПДК) на денешната Конвенција за избор на партиските раководни структури, за свој претседател го избра Кадри Весели, кој и до сега ја водеше најголемата владејачка партија во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Весели, кој е претседател на косовското Собрание, беше единствениот кандидат за партиски лидер.
Во своето обраќање пред делегатите на Конвенцијата, Весели порача дека „ПДК е секогаш подготвена, реформирана и со нова енергија, да им служи на граѓаните и за јакнење на Република Косово“.
– Денес ПДК е поголема, посилна, поконсолидирана и поподготвена да ја преземе на себе улогата што ѝ следува, улогата на партија која им претходи на промените и на развојот на земјата. Денес ПДК ја прави разликата со сите други. Денес ПДК со вашата работа докажува дека е партија на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните. Тоа е врховниот закон на нашата партија, порача Весели.
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
