Кацаров: Бугарија побара превeнтивна помош од ЕУ за справување со Ковид-19
Бугарското Министерство за здравство побарало активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со Ковид-19, изјави за БТВ министерот за здравство Стојчо Кацаров.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, согласно овој механизам Бугарија може да добие медицински кислород доколку се зголеми потрошувачката и доколку не може да го обезбеди од бугарските производствени капацитети, како и опрема за кислородно лекување, респиратори за инвазивна интервенција, кревети за реанимација за интензивните одделенија, монитори за пациенти, медицински професионалци кои помагаат во лекувањето на пациентите со Ковид-19...
Целта на активирањето на механизмот е да се обезбеди во случај на нагло влошување на состојбата со пандемијата, Бугарија веднаш да се снабди со потребните средства.
Министерот Кацаров, исто така, кажа дека бугарските медицински лица се справуваат со новиот епидемиски бран и нема потреба да добијат дополнителна опрема. Меѓутоа, доколку, смета тој, биде потребна таква помош, ЕК ќе биде подготвена веднаш да и пружи помош на Бугарија.
Активирањето на механизмот им дава дополнителна сигурност на властите во Софија во борбата за контрола на епидемијата, соопшти бугарското Министерство за здравство.
Бугарија денеска повторно забележа црн рекорд со 199 новопочинати лица од коронавирус.
Ново на Сител
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
