Кабинет на Иванов: Судството да не ги затскрива сопствените недостатоци

Кабинетот на претседателот на Република Македонија реагира на соопштението на Основниот суд Скопје 1 и смета дека повикувањето на овој суд за „независност и мешање во судската власт“ има цел да ја прикрие направената злоупотреба на неточна информација.
– Немојте позади независноста на судот да ја затскривате вашата одговорност дека врз основа на фалсификат со невистинита содржина и конструкција на лаги е злоупотребен Претседателот на Република Македонија, носите решенија за притвор и спроведувате притворска политика. Посочуваме дека, како ние, така и јавноста преку јавно објавените Решенија за притвор се запозна со содржината на copy-paste класифицираната „строго доверлива“ белешка што поведува и друг вид на одговорност за непрофесионално однесување во судски предмети, се вели во реакцијата.
Кабинетот на претседателот на Република Македонија, како што се наведува, никогаш досега не реагирал на судска одлука или решение.
– Сметаме дека е крајно време, а во интерес на ЕУ стандардите кои се бараат земјата да ги исполни, судството да не ги затскрива сопствените недостатоци зад наводно мешање во неговата независност, стои во реакцијата.
Кабинетот на претседателот на Република Македонија се уште очекува одговор на барањето испратено до претседателот на Основниот суд Скопје 1 за достава на службената белешка на МВР-УБК, која е со лажна содржина и наведува на сомневање дека се следат активностите на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
