Кабинет на Диме Спасов: Кочење на проектите единствен приоритет на Ташевска Ременски

Техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, крајно ја девалвира функцијата и ја користи за оркестрирани напади диригирани од нејзината политичка партија. Повеќе од очигледно таа смета дека со овој тип на изјави ќе ја надомести неспособноста и неснаоѓањето во работата на министерството за труд и социјална политика и бројните започнати проекти. Наместо да продолжи со реализацијата на проектите, единствен приоритет и е нивното кочење.
Ова се наведува во реакцијата од кабинетот на дополнителниот заменик на министерот за труд и социјална политика на изјавата на Ташевска Ременски.
Граѓаните, се вели во реакцијата, лесно ја препознаваат нејзината лажна загриженост во услови кога намерно и свесно доцни по решавањето на 230 предмети од областа на социјална заштита во второстепена постапка и свесно ги крши законите.
- За време на мандатот на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, сите предмети кои биле доставени се навремено потпишани и проследени во најбрз можен рок. Техничкиот министер нема да може да ја избегне одговорноста зошто врши незапаметени притисоци врз вработените во министерството и центрите за социјална работа, нема да ја избегне одговорноста кога членови на нејзината партија лажно ги претставуваше за вработени во Министерството што исто така претставува прекршување на Законите. Овие обиди за сензационализми, нема да и помогнат да се соочи со своите престапи, соопштуваат од кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.
Оттаму истакнуваат дека ја повикуваат Ташевска-Ременски што поскоро да ја поднесе пријавата и подвлекуваат дека „уште во почетокот на мандатот направила две кривични дела и тоа: лажно пријавување и лажно претставување, со тоа што дозволила претседател на партиска Комисија за труд и социјална политика да има увид во доверливи информации на Министерството и корисниците и лажно да се претставува во својство на службено лице“.
- Уште еднаш ја повикуваме да не се бламира во јавноста со изнесување лаги, клевети и манипулации со кои повторно го крши Законот туку да започне да ги решава предметите во областа на социјалната заштита и да се зафати со реализацијата на проектите од интерес на граѓаните, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
-

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2"
-

Синот со над 30 убоди во вратот и градниот кош го убил татко му во Скопје, обвинителството отвори истрага
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
