Јужна Кореја ќе и помогне на Украина во производството на дронови
Jужна Кореја ќе и помогне на Украина да произведе повеќе борбени беспилотни летала за војната против Русија, објави градоначалникот на Лавов, Андриј Садиви, во видео коментар по турнејата во странство.
„Имаме многу добри контакти со производителите на дронови. Ги поврзуваме со нашите производители. Ќе има повеќе дронови и тие ќе бидат со повисок квалитет“, рече Садиви.
Градоначалникот на Лавов посочи и дека корејски компании се заинтересирани да инвестираат во Украина. Во Лавов со корејски средства ќе се гради индустриски парк за корејски бизнис. Дополнително, со помош на јужнокорејските партнери ќе се гради клиника на територијата на болницата „Св. Лука“ во градот.
Според Садиви, Јужна Кореја ја поддржува Украина бидејќи разбира „колку е важна нашата борба против Русија, земјата која соработува со Северна Кореја“.
Градоначалникот исто така истакна дека ваквите посети во странство се многу важни за Украина за привлекување инвестиции и нагласи дека за неговото патување не се потрошени средства од буџетот, туку било целосно на сметка на земјата домаќин.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
