-->
-->
Jунајтед сака трампа за Де Хеа?!
-->

Директорот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, на Реал Мадрид му понудил размена на играчи – голманот Давид Де Хеа за Серхио Рамос и Кејлор Навас, пренесува мадридска Marca.
Де Хеа е голема желба на Реал, во него во ’кралскиот клуб’ гледаат како на долгорочна инвестиција, особено откако Икер Касиљас го напушти клубот, но во исто време на Јунајтед јасно му ставија до знаење дека нема да платат 40 милиони евра за талентираниот голман.
Во англискиот клуб се убедени дека со понудената размена ќе ги задоволи двете страни, бидејќи желбата на ’црвените ѓаволи’, Серхио Рамос веќе ги има договорено личните услови под кои би се преселил на „Олд Трафорд“.
Сепак, според Marca, Реал нема да ја прифати оваа понуда на Јунајтед.
Инаку, Манчестер Јунајтед е еден од најактивните клубови во преодниот рок на „Олд Трафорд’ веќе пристигнаа Мемфис Депај, Бастијан Швајнштајгер, Матео Дармијан и Морган Шнајдерлин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
