ЈСП „Скопје“ го раскина договорот со „МАКЕКСПРЕС“, линиите ќе ги опслужуваат со сопствени автобуси

ЈСП „Скопје“ денеска го раскина договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со сопствени автобуси со што транспортот на патници ќе продолжи непречено, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.
– Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ е непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз. Со жалење мораме да констатираме дека „МАКЕКСПРЕС“ до моментот на раскинување на договорот не успеа да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки, соопшти ЈСП Скопје.
Сите овие поплаки, како што се вели во соопштението, се истакнати од граѓаните, со што во целост се нарушува и имиџот на јавниот превоз во главниот град.
Ново на Сител
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
-

Андоновски: Законски измени или промена на правилникот - мора да се разјасни што е платформа или што е креатор на содржини
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
