Јован Јаулески – нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески. Меѓу другите кадровски решенија кои беа утврдени, за советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски.
ИК изврши избор и на претседатели и членови на Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција и Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги.
ИК за претседател на РИШ за престојните избори го потврди изборот на Игор Јанушев, генерален секретар на партијата.
На седницата на ИК беше дискутирано и за подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи во Струга на 16 февруари.
Дополнително ИК дискутираше и за актуелната политичко-економска ситуација во државата и хаосот кој го предизвика власта, констатирајќи дека најбрз и најефективен излез се само предвремени парламентарни избори, кои е потребно да се одржат заедно со претседателските.
ИК заклучи дека Македонија не смее да продолжи да губи и тоне поради неспособноста на власта, која ги распродава националните интереси на сметка на ситни партиски поени.
Кратењето на пензиите, ударот врз пазарџиите, поскапувањето на здравствените услуги, хаосот со епидемијата на морбили, од една страна и зголемувањето на платите на вицепремиерите и вработувањето на блиски роднини во државните компании се најдобар доказ за аздисаноста на власта и нивниот единствен интерес за лично богатење.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.

