Јилдирим: Турција е земјата која најрешително се бори против ИД

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека Турција е земјата која најрешително учествува во борбата против групата Исламска држава, пренесе агенцијата Анадолија.
Јилдирим, кој зборуваше на турско-сингапурски бизнис форум во рамки на својата посета на Сингапур, денеска изјави дека Турција од борци на ДАЕШ (Исламска држава) исчистила над 2.000 квадратни километри територија за време на операцијата „Ефратски штит“, во северна Сирија.
-Досега во Сирија се неутрализирани 3.800 џихадисти, а во Ирак уште 800, односно од ДАЕШ се неутрализирани вкупно 4.600 терористи. Денеска нема ниту една земја која е порешителна од Турција во борбата против ДАЕШ, рече Јилдирим.
Тој истакна дека Турција и натаму има активна улога во борбата на меѓународната коалиција против Исламска држава.
-Тероризмот е сериозна закана за националната, регионалната и глобалната безбедност. Тесната меѓународна соработка во борбата против тероризмот е задолжителен услов, посочи Јилдерим.
Турција, всушност, активно се бори против ДАЕШ, Курдската работничка партија (ПКК), СЗН (сириските курдски Сили за заштита на народот), како и против ФЕТО (организацијата на Фетула Ѓулен), рече турскиот премиер.
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
