Јемен испали ракета кон Израел

Ракета е истрелана денеска кон Израел од Јемен, првпат откако започна војната со Иран пред еден месец, соопшти израелската армија.
Армијата рано утринава на Телеграм информираше дека воздушната одбрана била активирана, додека медиумите јавија дека ракетата била успешно пресретната без жртви и материјална штета.
На почетокот на војната – која започна со американско-израелски напади врз Иран кон крајот на февруари – проиранската милиција Хути изрази „целосна и непоколеблива солидарност“ со Техеран. Во последниот период растеа стравувањата дека исламистичката група би можела да се вклучи во конфликтот од Јемен.
Хутите и претходно повеќепати напаѓаа трговски бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив.
Овие поморски патишта претставуваат клучна врска меѓу Средоземното Море и Индискиот Океан и се сметаат за едни од најважните трговски рути во светот.
МИА
Ново на Сител
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
