Јавна расправа за Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Единствена точка на дневниот ред е јавната расправа на тема „Предлог-стратегија за родова еднаквост 2021-2026“.
Предвидени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска–Давкова, Ивона Пауновиќ-Бишевац од Канцеларијата на телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Светлана Цветковска од Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика.
Стратегијата за родова еднаквост се донесува за период од шест години и е четвртиот стратешки документ во оваа област. Со стратегијата се воспоставува сеопфатна рамка со активности за унапредување на родовата еднаквост и унапредување на статусот на жените.
Ново на Сител
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
