Јавна дискусија: Процесот на помирување во Западен Балкан и Турција: состојба во РМ

Јавна дискусија на тема:„Процесот на помирување во Западен Балкан и Турција: состојба во Република Македонија“ ќе се одржи денеска во рамки на регионалниот ИПА проект „Поделено минато – заедничка иднина“.
На дискусијата воведно излагање ќе има Тоше Зафиров, истражувач од Прогрес Институт за социјална демократија, проф. д-р Рубин Земон, посебен советник на премиерот за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните и д-р Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први”.
Главна цел на проектот „Поделено минато – Заедничка иднина“ е граѓанските организации да бидат препознаени од владите во регионот како важен општествен фактор со силен капацитет за градење на мир и помирување. Проектот вклучува 18 организации од повеќе земји со различни вештини и области на екпертиза. Со комбинација на овие специфични можности проектот се базира на широка соработка и вмрежување на партнерските организации.
Партнерски организации од нашата земја вклучени во проектот се Младински културен центар - Битола и Прогрес – Институт за социјална демократија.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
