-->
-->
Јанта Волеј поведе во финалето против СВКС
-->

Одбојкарките на Јанта Волеј го добија првиот меч против СВСК во финалето на плејофот на домашкиот шампионат.
Актуелниот шампион одбраната на титулата ја започна со сигурна победа над СВСК од Куманово, во која екипата на Јанта Волеј пред својата публика славеше со максимални 3-0 по сетови 25-22, 25-13 и 25-15.
Овој двобиј за шампионскиот трофеј, практично е реприза на финалето од националниот Купот од пред четири дена одиграно во Струмица, а во кое кумановската екипа забележа победа со 3-1 во сетови.
Ова беше само првиот од можните пет финални меча, бидејчи шампионскиот трофеј ќе го освои екипата која прва ќе оствари три победи.
Инаку попладнево ќе старува и финалната серија во машка конкуренција во која екипата на Струмица ја има фаворитската улога во дуелот против екипата на Пробиштип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
