Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и од новата академска 2026/2027 година во нив ќе почне сместувањето на студентите.
-Од 1 октомври очекувам студентите да влезат во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна очекувам да почнеме реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на регионалната конференција за високото образование која денеска и утре се одржува во Скопје под покровителство на МОН.
Со заем од Германската развојна банка и грант преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија, во план е темелно реновирање на деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.
Реконструкцијата на државните студентски домови е во рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација и ќе се одвива во фази. Во првата фаза се реновираат домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје за што е склучен договор со компанијата Страбаг АГ која ги изведува градежните активности.
МИА
Ново на Сител
-

Во живо од вселената: Астронаути првпат по повеќе од 50 години ја напуштија орбитата на Земјата, се упатија кон Месечината
-

Преглед на вестите од светот
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
