Ја силувал девојката додека умирала: Праќал фотографии од нејзиното модро полуголо тело со текст - "Ха, ха, се предозира!"
Брајан Валера, 19-годишно момче од Вашингтон, силувал мртва девојка која се предозирала на една забава во приколка, а потоа ги праќал полуголите фотографии од нејзиното веќе помодрено тело на своите пријатели.
Тој е обвинет за убиство и силување на 18-годишна Алиша Ночејде, со која заедно консумирал различни дроги на 3. јануари, во текот на забавата во приколката во која живеел со уште еден пријател.

Како што рекол, Алиша преку нос консумирала средство против болки и масло од марихуана пред да се онесвести во неговата соба.
Наместо да повика помош, Брајан на нејзините пријатели им пратил нејзини полуголи фотографии на кои е без свест, со порака: "Ха, ха мислам дека е предозирана, уште диши". Како што рекол, бил премногу изморен да ја однесе во итна помош.
Наредниот ден, кога несреќата девојка веќе била очигледно мртва, со помош на нејзиниот прст го отклучил телефонот и поставил неколку нејзини фотографии социјалните мрежи, за да изгледа дека побегнала од дома.

Најлошо е што потоа им се фалел на колегите од работа дека девојката умрела за време на сексот со него. На еден од колегите дури и му кажал дека не знаел дали Алиша била жива кога имал секс со неа.
Брајан бил уапсен во текот на претресот на неговата приколка, кога нејзиното телот било најдено во пластична кутија. Како што им рекол на инспекторите, планирал да ја закопа.
Ново на Сител
-

Николоски: Се финализираат галериите - најтешкиот дел од автопатот Кичево - Охрид
-

Тајфунот Ноул ја зафати јужна Кина, евакуирани над 700 илјади лица
-

Нови евакуации на население во текот на ноќта поради големите пожари во Франција и Шпанија
-

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
