Македонија
23. November 2017 - 8:54

Измените на Законот за македонскиот јазик пред Комисијата за култура

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседава Комисијата за култура на чиј дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик во второ читање.

Како што стои во образложението на Предлог-законот, целта не е да се утврди службената употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, бидејќи таа е веќе утврдена во член 7 став 1 од Уставот на Република Македонија, туку неговата правилна употреба во службената и јавната комуникација.