Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги прифатливи за приватните национални телевизии

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии.
Претставниците на петте македонски национални телевизии ги пренесоа аргументите, фактите и ставовите на нивните медиуми во однос на постапката започната во Собранието за предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Претставниците на националните телевизии укажаа дека предложените измени за нив се целосно прифатливи и очекуваат да бидат усвоени од страна на македонското собрание, соопшти кабинетот на Пендаровски.
Претседателот Пендаровски во текот на вчерашниот дел на истата тема имаше информативна средба и со претставниците на телекомските оператори на која беше запознат и со нивните ставови
Ново на Сител
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
