-->
-->
Измамен брачен пар од Велес
-->

Непознат човек измами брачен пар од Велес, им нудел дрва евтина цена. Според информациите на полицијата, вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес А.М.(55) од Велес пријавила дека истиот ден во нејзиниот дом дошло непознато лице и на неа и нејзиниот сопруг им понудил дрва по цена од 2000 денари по кубен метар. Откако се договориле за купопродажба, лицето заедно со сопругот на пријавителката заминале за да ги видел дрвата. По кратко време лицето се вратило и и рекло дека се договориле со нејзиниот сопруг и дека требало да му даде 4000 денари. Откако му ги дала парите лицето си заминало, а по кратко време пријавителката и нејзиниот сопруг сфатиле дека биле измамени. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
