Изложба за џез-музичари - претфестивалска програма на „Скопје синема сити“

„Скопје синема сити“ кој ќе почне задутре во Кинотека на Македонија, ќе има претфестивалска програма со изложба „Македонска џезтетика“ - фотографии на истакнати македонски џез-музичари од Татјана Ранташа, а како дел од изложбата настап ќе има Квинтетот на Гоце Стевковски, основоположник на Здружението на џез-музичари.
Татјана Ранташа е реномиран фотограф со 15 години искуство, најмногу со сценска фотографија. Почнувајќи од 2005 година, таа е официјален фотограф за издавачки куќи како Авалон, Пасворд, МКЦ-концерти, МОТ, Десонанц фестивалот, а денес е најчесто ангажирана за Оффест и Скопскиот џез-фестивал, како нивни официјален фотограф.
- „Македонска џезтетика“ е избор од фотографии од различни генерации македонски џез-музичари, почнувајќи од Џијан Емин, Гоце Стевковски, Алек Секуловски, па до Симон Киселички, Мишко Парушев и Владан Дробицки, од Трајко Велков, Бојан Шамба, па до Кирил Кузманов, Кирил Туфајхчиев, од Влатко Стефановски, Васил Хаџиманов, па до Тони Китановски, Кокан Димушевскии и многу други, соопшти „Скопје синема сити“.
Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува од 6-ти до 10 јуни. Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови. Влезот за претфестивалската програма (6 јуни од 19 часот) за изложбата и концертниот настап е слободен.
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
