Изложба на полски плакат во Крива Паланка

Изложбата на графички дизајн „Полската школа на плакат“ (Polska szkola plakatu) утре, во 12 часот ќе биде отворена во Уметничката галерија при Градскиот музеј – Крива Паланка.
На изложбата ќе бидат презентирани различни плакати направени од страна на неколку генерации полски графички уметници, вклучувајќи ги мајсторите на полската постерска уметност (Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швиежи и Томашевски).
Изложбата, како што информира Градскиот музеј – Крива Паланка, е дел од иницијативата „МузеумЛинк 2016“, која на едно место собра повеќе музејски установи од Република Македонија, со цел меѓусебно да соработуваат на заеднички проекти и активности и да го збогатат културното живеење во повеќе македонски градови
Иницијативата е на Музеј на Град Скопје, а досега во неа се вклучени Завод и музеј-Штип, Завод и музеј-Битола, Завод и музеј-Охрид, Музеј на тетовскиот крај-Тетово, Народниот музеј-Велес, Музеј на град Неготино, Музеј и галерија-Кавадарци, Музеј Куманово, Народен музеј Свети Николе, Музеј на град Кратово, Градски музеј-Крива Паланка, Музеј „Теракота“ Виница, Музеј Гевгелија, Завод и музеј-Прилеп, Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга и др.
Изложбата на полски плакат во Крива Паланка ќе биде отворена до 19 јули годинава.
Ново на Сител
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
