Изложба на графики и колажи на Верче Николоска во Центарот за култура во Куманово

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва, со почеток од 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на графики и колажи на авторката Верче Николоска. Колекцијата содржи 25 дела работени во изминатите неколку години. Историчарот на уметност Роберт Цветковски објасни дека љубителите на уметност ќе имаат можност да проследат графики работени во техника дрворез и колажи од хартија.
- Графиките се апстракции со геометризиран стилски израз, а во колажите е присутна фигурација со голем степен на стилизираност и асоцијативност, изјави Цветковски.
Николовска за прв пат изложува свои дела пред кумановската публика. Со оваа изложба ја започнува својата турнеја по градовите ширум државата.
Николовска, досега учествувала на повеќе ликовни работилници, симпозиуми за уметност, ликовни колонии. Изложбата во Куманово ќе биде поставена наредните две недели.
Ново на Сител
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
