Живот
29. November 2017 - 14:45

Излегов со тип на пијалок: Тамам ми се допадна, а потоа почна нешто да се мрда - погледнав во неговите раце и врескав од ужас

Првиот состанок сам по себе воглавно е застрашувачко искуство, а ако се воспостави дека личноста од друга страна на мастата е застрашувачка, само што тоа вешто го крие, ги имате сите предиспозиции за хорор филм. За таквото искуство зборувале и мажи и жени. 
 
На форумот на Редит луѓето ги споделиле своите морничави први состаноци. И повеќето од нив навистина се да се фатите за глава.
 
Се беше супер додека не почна да се тресе 
 
- Запознав  тип, постојано се допишувавме и се одеше полека. Потоа се договоривме да се видиме во еден кафич, стандарден, добро осветлен во центарот на градот. Испивме неколку пијалоци, зборувавме, а потоа забележав дека нешто се тресе, за на крај да забележам дека тој  тресе. Погледнав - неговите раце беа под масата, погледнав уште еднаш -  и да, го правеше она што сте го помислиле. 
 
Нормално, бев шокирана, запрепастена и згадена. Тој не гледше никаков проблем, бидејќи како што ми рече премногу сум го возбудила. Нормално, состанокот веднаш заврши. Утредента од него ми стигна ужасен долгометражен меил во кој прецизно ми објаснува колку сум лоша личност и колку сум го упропастила состанокот. На крајот заврши со „ не мораш да се трудиш да ми одговориш, и онака нема да прочитам“. И го послушав. 
 
Сликата не е исто што и животот
 
- Запознав една девојка на еден сајт, ми рече дека има 24- години и дека е русокоса. Судејќи по сликите, изгледаше фантастично. Доаѓам на местото на состанкот, а таму ме чека 40-годишна жена, неверојатно висока и слаба. Ми рече дека има две деца, дека е мажена и дека само сака да побегне од дома. 
 
Убава, млада и паметна...
 
- Делуваше сјајно. Двајцата имавме по 25 години, и двајцата имаме завршено мастер студии и бараме работа. Згодна, убава и имаше пирсинг. Совршена за мене. После многу онлајн допишувања, конечно се сретнавме. Па, се воспостави дека е згодна - но била пред многу години. Сега ми вика дека работи на тоа да ослабе и не гледа проблем што личноста на сликите воопшто  не наликува на неа сега. Зборувам за разлика од 40 килограми, не за два три повеќе. Јас сум инаку спортски тип и многу водам сметка за изгледот. Нема врска, помислив, можеме да бидеме макар пријатели, сјајно се допишувавме и се воспостави дека е паметна и дека има одличен смисол за хумор. И така го продолжувам нашиот онлајн раговор и - ништо. Се воспостави дека цимерката и помагала околу договарањата со мене.А пирсингот? Само на слика изгледа како да има пирс, а во живо има брадавици на носот која ги дотерува со фотошоп за да личи на пирс.