Издадени 887 потврди на мигранти за изминатите 24 часа

Изминатите 24 часа на 887 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од нив 384 се од машки пол, 191 од женски и 312 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
Како што информира денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–397, Сирија-358 и Ирак-132.
Од почетокот на годинава до денес издадени се потврди на вкупно 36.804 странски државјани, од кои 15.490 се од машки пол, 7.917 од женски и 13.296 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.280, Авганистан-11.845 и Ирак-6.676.
Изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 1 јануари до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 21 јануари 2016 година евидентирани се вкупно 43 баратели на азил, од кои 40 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
-

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
-

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски
-

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож
