Изборниот молк во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на избирачките места на 17 декември
Изборниот молк во Србија почнува вечерва на полноќ, а ќе трае до 20 часот в недела на 17 декември, кога завршува гласањето на парламентарните, покраинските и локалните избори, односно кога се затвораат избирачките места, јави Бета.
На 8. 273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6. 500. 165 запишани избирачи. Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1. 669.
734 граѓани, а на белградските 1. 613. 190 гласачи. На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2. 817 предложени кандидати за 250 пратенички места.
Утврдени се 13 изборни листи за покраински избори, 14 за избори за градско собрание на Белград, а локални избори ќе се организираат во вкупно 65 градови и општини.
За време на изборниот молк, забрането е објавување оценки на изборните резултати, презентирање кандидати или листи на изборите и нивните изборни програми во медиумите и на јавни собири.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
