-->
-->
Избоден млад кавадарчанец
-->

Рано изутринава во 2:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле И.М.(18) и Б.Т.(22), двајцата од овој град, по претходна пријава дека во објект во градот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка и кршење на предмети, по што И.М. со остар предмет му нанел повреда на Б.Т.. По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од СВР Велес соопштија дека вчера во 13:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.С.(33) од Демир Капија, затоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени задачи. А.С. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
