Избирачкиот список за локалните избори од денеска на увид

Избирачкиот список за локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври годинава од денеска е на јавен увид. Во Избирачкиот список има 1.816.127 гласачи, а во него не се внесени и 11.346 граѓани.
Најголемиот број од лицата кои не се внесени во списокот, 7.017 немаат живеалишта, дел се избришани од подрачните одделенија по основ на смрт, нераспределени има 1.418 лица и на 672 им е регистрирано поништено живеалиште, а како причини зошто овие лица ги нема во списокот се наведуваат и одземената деловна способност, отпуст од државјанство или избришани со акција за бришење.
Членовите на ДИК на вчерашната седница истакнаа дека презентираните бројки не се конечната форма на Избирачкиот список. Според ДИК, повторно ќе се проверуваат сите лица, бидејќи бројот на гласачите од МВР и Државниот завод за статистика не се совпаѓа.
Увидот во Избирачкиот список за локалните избори на 15 октомври ќе трае до 9 септември.
Според роковникот за локалните избори, најдоцна до денеска политичките партии треба да достават предлози за членови на избирачки одбори и нивни заменици.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
