Иванов:Потребни се храбри лидери за решавање на кризите

Потребно е храбро политичко лидерство, враќање на вербата во човештвото и солидарноста, и свет во кој ќе се почитуваат и заштитуваат човековите права и правото на човечкото достоинство, истакна во своето обраќање македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на Светскиот хуманитарен самит што се одржува во Истанбул, во организација на Обединетите нации.
Според Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, потребна е прокативност, со цел надминување на актуелните глобални предизвици, преку четири чекори. Потребни се, како што нагласил, јасни правила на игра, економски праведен систем, инвестирање во обновата на разорените општества и помирување.
Претседателот Иванов предупредил дека двојните стандарди го суспендираат меѓународното право и оставаат простор за анархичност во меѓународните односи.
- Повикуваме на почитување на Меѓународниот кривичен суд, а ги занемаруваме пресудите на Меѓународниот суд на правдата. Ќе ве потсетам дека веќе 5 години Македонија чека меѓународната заедница да ја испочитува пресудата на врвниот светски правен авторитет – Меѓународниот суд на правдата. Двојните стандарди го суспендираат меѓународното право и оставаат простор за анархичност во меѓународните односи. Алтернативата на меѓународното право и меѓународниот поредок е глобалниот хаос и глобалниот непоредок, истакнал Иванов.
Посочил дека Македонија беше прв пример на успешна превентивна дипломатија на Обединетите нации, преку спречување на прелевање на конфликтите од поранешна Југославија.
На Светскиот хуманитарен самит кој за прв пат се одржува денеска и утре во Истанбул, учествуваат околу 5.000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од шеесетина земји, лидери од кризните региони, раководни лица на меѓународните организации, претставници на приватниот бизнис сектор, како и преставници од граѓанскиот сектор. Меѓу учесниците на самитот се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателите на Турција, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Украина, Реџеп Таип Ердоган, Колинда Грабар Китаровиќ, Бујар Нишани, Филип Вујановиќ, Петро Порошенко, претседавачот со босанското претседателство, Бакир Изетбеговиќ, како и премиерите на Грција, Бугарија, Холандија, Словачка, Словенија, Полска, Алексис Ципрас, Бојко Борисов, Марк Руте, Андреј Киска, Миро Церар, Беата Шидло.
Учесниците на Самитот ќе се заложат за преземање иницијативи и акции во насока на поддршка на „Агендата на хуманост“, а со цел да се овозможи полесно справување и надминување на кризните состојби во светот.
Ново на Сител
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
-

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
