Иванов се сретна со романската премиерка Виорика Данчила
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со претседателката на Владата на Романија Виорика Данчила.
Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог.
На средбата, како што информираат од прес службата на Претседателот, биле разменети мислења за актуелните политички случувања во Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа.
Иванов потенцирал дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент.
- За таа цел е неопходно јакнење на регионалната соработка и јакнење на меѓусебната доверба и поддршка, порачал на средбата претседателот Иванов, се вели во соопштението.
Двајцата соговорници разменија мислења за стратешките цели и надворешно политички приоритети на Република Македонија и изразиле подготвеност за натамошно продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план.
На средбата, се посочува во соопштението, биле разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен на потребата од јакнење на економската соработка
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
