Иванов: Различните ставови и мислења да се решаваат преку дијалог

Македонија и Србија имаат долга историска и културна традиција која не може да биде нарушена поради различни ставови по некое прашање, а онаму каде што постојат различни ставови и мислења треба да се решаваат преку дијалог.
Ова денеска го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој по повод празникот Свети Сава ги прими потпретседателот на Собранието на Република Србија Верољуб Арсиќ, амбасадорот на Република Србија во Република Македонија Душанка Дивјак - Томиќ и припадници на српската заедница во Република Македонија.
Честитајќи го празникот Свети Сава, Иванов истакна дека Република Македонија е пример на овие простори како се почитуваат и како се прифаќаат етничките заедници, вклучително и српската.
Како што соопшти неговиот Кабинет, припадниците на српската заедница во Република Македонија се заблагодарија за приемот како и за континуираната поддршка и соработка со државните институции во Македонија.
На средбата беше заклучено дека и во иднина ќе продолжат да се негуваат меѓусебните односи на Македонија и Србија, во духот на добрососедството и блиската соработка меѓу двата народа.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
