Македонија
15. August 2026 - 16:29

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко

Критична е состојбата на охриѓанецот Дарко Најдевски кој 7 години живее со двојна механичка потпора  на срце и чека трансплантација. Моментално хоспитализиран се соочува со борба за опстанок и борба со времето неговото срце повеќе неможе да издржи а поради долгото носење  на ваквите помагала доаѓа и  до други компликации  затоа потреба е итна трансплантација на срце од починат донор со цел да  може да продолжи да живее.

Неговата 7 годишна ќерка Мила со апел што поскоро да се најде донор за  нејзиниот татко да оздрави и да биде присутен  додека расте.

Со истиот проблем се соочува и стружанецот Васко Јолески чиј живот е потполно зависен од батерии и струја.

Тој повикува дека потребно е подигнување на свеста за органодарувањето бидејќи во моментот кога згаснува еден може да се спаси друг живот.

Иако во светото ваквите пациенти се водат како ургентни  досега кај нас  не е направена ниту една трансплантација на срце кај лица со механичка пумпа.