Италијанската влада ги преживеа двете гласања за недоверба

Италијанскиот Сенат синоќа ги отфрли двете гласања за недоверба за Владата на премиерот на Матео Ренци, побарани од опозицијата поради скандалот со конфликт на интереси поради што еден министер минатиот месец поднесе оставка, јави ДПА.
Со 183 гласови против, а 96 „за“ беше отфрлен првиот предлог, додека вториот предлог не беше прифатен со 180 гласа „против“ и 93 „за“. Тоа беше очекувано бидејќи Ренци има доволно големо мнозинство за да и парира на опозицијата.
На 31 март министерката за индустрија Федерика Гуиди ја напушти Владата откако беше откриено дека нејзиниот партнер ја убедувал да дејствува во корист на неговиот бизнис. Поради тоа движењето „Пет ѕвезди“ и десничарските опозициски партии поднесоа два одделни предлози за гласање недоверба на Владата.
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
