Истрага против 13 лица за напад врз службено лице во Струмица, за петмина определен притвор од 30 дена

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица. Криминалистичкиот техничар излегол на терен, во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели, кои биле предмет на пријавено кривично дело „кражба“.
Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети најпрвин започнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ја одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото.
Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земјата и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди.
По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
