-->
-->
Исповед на таткото и бабата на монструмот од Крим: Со него понекогаш беше невозможно да се зборува, немаше ниту еден пријател
-->
Семејството на Владислав Росљаков (18), кој го изврши масакрот во училиштето во Крим, каде уби 21 лице а повеќе од десетина рани вели дека ништо не укажувало на тоа дека тој е способен на вакво злосторство. Неговиот татко, чие име не е објавено, рекол во полиција дека со Владислав било многу тешко да се комуницира.
Родителите на Владислав одамна се разведени, а тамошните медиуми наведуваат дека неговиот татко е хендикепиран. Изворот од полицијата вели дека таткото на убиецот на сослушувањето рекол дека неговиот син практично немал пријатели. Како што рекол, имал во детството само еден пријател, но тоа пријателство прекинало.
Тој рекол дека неговиот син никогаш не се пожалил, ниту пак кажал дали има проблеми во училиште. Тој исто така рекол дека Владислав воопшто не бил комуникативен.
Неговата баба исто изјавила дека внукот не се жалел на ништо и додава дека кај неа кога доаѓал седел многу малку.
- Знаете со него никогаш не беше возможно да се зборува, тој е тивок тип, рекла таа.
Според нејзините зборови, Владислав убаво се согласувал со родителите. На прашањето на новинарите дали во последно време покажувал нагли промени на расположението или некаква агресија, таа изјавила:
- Не, ништо слично. Не можев ни да се посомневам дека е подготвен на нешто толку ужасно, рекла бабата.
Инаку, мајката на Владислав е медицинска сестра и таа ги згрижува учениците кои биле повредени во нападот кој го изврши нејзиниот син.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени
-

Сообраќајната статистика во Куманово бележи умерено подобрување, зголемен број санкции
-

Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
-

ЈО: Ивана била тепана, изложена на закани и сурово психички малтретирана
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми
