Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците

Владата информира дека за една година исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци.
- Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците. Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно, а не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени. Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство, се вели во соопштението.
Според Владата, Македонија се трансформира, а земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на државата.
- Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците. Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци. Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија. Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!, се наведува во владиното соопштение.
Ново на Сител
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
