Иран се закани за кибер напади врз нуклеарните централи

Техеран жестоко ќе одговори на која било земја која ќе се обиде да изврши кибер напади врз иранските нуклеарни централи, изјави началникот на цивилната одбрана на земјата, Голамреза Џалали, како реакција на пожарот во нуклеарката Натанц, за кој иранските власти сметаат дека би можел да биде предизвикан од кибер напад.
Највисокото безбедносно тело во Иран соопшти дека е познато како е предизвикан пожарот во нуклеарната централа, што од безбедносни причини ќе биде откриено во одреден момент.
– Одговорот на кибер нападите е интегрален дел на нашиот одбранбен систем. Докажано е дека сме мета на кибер напади и секогаш жестоко ќе одговориме на нив, порачува Џалали.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека САД и Израел како непријатели се способни за саботажа, но не ги обвини директно за пожарот во нуклеарката Натанц.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
