Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина

Иран и Оман се согласија за рамката за повторно отворање на Ормуската Теснина, која би траела 60 дена, а би имала за цел да го врати поморскиот сообраќај, како и да започне технички разговори за трајно решение во тој период, изјави денеска висок функционер запознаен со ова прашање.
Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, за Ал Арабија изјави дека постигнатиот договор за отворање на Ормуската Теснина би можел да биде објавен во рок од неколку дена.
Според висок функционер, договорот постигнат меѓу Техеран и Мускат сè уште треба да биде одобрен од иранскиот Врховен совет за национална безбедност.
Според официјалните лица, рамковниот договор предвидува бродовите што влегуваат во Ормуската Теснина да го користат морскиот коридор најблиску до Иран, додека бродовите што го напуштаат мореузот ќе го користат коридорот најблиску до Оман.
Службеникот додаде дека земјите во регионот би можеле да учествуваат во процесот на расчистување на мини од тој воден пат.
Изворот за Ал Арабија изјави дека постојат индиректни разговори меѓу Вашингтон и Техеран преку посредници, кои влегле во последна фаза.
Според неименуваниот функционер, шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, неодамна имал два телефонски разговори со началникот на пакистанската армија, Асми Мунир, а се очекува тој да го посети Исламабад овој викенд или почетокот на следната недела.
Изворот посочи дека се очекува претставници на Пакистан, кој е посредник во решавањето на конфликтот меѓу САД и Иран, да го информираат саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за најновите случувања во преговорите меѓу САД и Иран.
Пакистанското Министерство за надворешни работи објави дека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и Асми Мунир ќе престојуваат во официјална посета на Саудиска Арабија од денес до 8 август.
МИА
Ново на Сител
-

Ставањето коцка мраз на задниот дел од вратот може да помогне во намалување на анксиозноста за неколку минути
-

Сообраќајка на магистралата Гостивар - Кичево, повредени три деца и една жена
-

Мицкоски: Жртвата на бранителите - трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена
-

Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот
-

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
