-->
-->
Интер во само три минути ја победи Болоња
-->

Екипата на Интер со два гола постигнати за само три минути славеше победа над Болоња во натпревар од 29.коло на фудбалскиот шампионат на Италија.
На средбата одиграна синоќа во Милан, предност на домашната екипа и донесе Хрватот, Иван Перишиќ со голот во 73.минута, а само три минути подоцна (76) Данило Д'Амброзио зголеми на 2:0. До крајот на мечот гостите преку Бриенца во последната минута успеаа да го ублажат поразот на 2.1,
Вчера се одигра и средбата Емполи – Сампдорија која заврши без победник 1:1. Во првиот меч од ова коло одигран во петокот Јувентус со 1:0 го победи Сасуоло.
Денеска ќе се играат останатите седум натпревари, а двојките се: Киево – Милан (од 12:30 часот), Карпи – Фрозиноне, Фиорентина - Верона, Џенова – Торино, Удинезе – Рома (од 15 часот), Палермо – Наполи и Лацио – Аталанта (од 20:45 часот).
Табела: Јувентус 67 бод, Наполи 61, Рома 56, Интер 54, Фиорентина 53, Милан 47, Сасуоло 44, Лацио 37...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
